Случувања

Вака ќе звучи македонската претставничка на Детската евровизија во Полска

mila moskov detska evrovizija

Македонската претставничка на Детскиот избор за песна на „Евровизија“, Мила Москов, вчера ја имаше првата проба. Четиринаесетгодишната Мила, во недела, на 24 ноември во Гливице, Полска, ќе се претстави со песната „Fire“.

Москов беше избрана преку аудиција на која учествуваа 18 кандидати.

Од најрана возраст Мила покажува интерес кон музиката и на шест години се запишува во локалното државно музичко училиште во Прилеп на одделот за пијано, но по две години се префрла на соло пеење, каде и ги прави своите први почетоци во пеењето. На 11 години се пријавува на аудиција за мали таленти каде што влегува во финалето, со што ѝ се зголемил интересот за пеењето. Во 2017 година се запишува во приватното музичко училиште „Матрикс“ во Прилеп. Мила во 2017 година учествуваше на фестивалот „Мелфест“ како дебитант“, наведуваат од Македонската радио телевизија.

Прочитајте и...  Познато е кој ќе ја претставува Македонија годинава на Евровизија
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top