Здравје

Валеријана – народен лек против болки, нервоза и напнатост

Валеријана (Valeriana Officinalis) или мачкина трева, претставува повеќегодишно тревесто растение, кое расте како самоник по ливади или планини.

valerijana 1

Цветните екстракти од валеријаната се користат како парфем, меѓутоа нејзиниот корен, кој се користи како лек, има јак и непријатен мирис. Интересен податок е тоа што мирисот на коренот, поради киселината која ја содржи, особено се забележува на мачките – има феромонско делување на нив (буквално паѓаат во транс). Во народната медицина валеријаната служи како лек за несоница, бидејќи овозможува мирен и цврст сон. Една од нејзините позитивни страни е што не предизвикува мамурлук како конвенционалните лекови кои се користат за таа намена.

Употреба:

  1. При анксиозни состојби
  2. Го намалува стресот
  3. Третман на несоница
  4. Влегува во состав на чај за нерви и чај за смирување, Sp.nervinae и Sp.sedativae.
  5. Нејзиното смирувачко делување ги опушта мускулите и ги намалува грчевите, подуеноста, болките во желудникот и нагонот за повраќање.
  6. Ги релаксира и мускулите на гастроинтестиналниот тракт и на тој начин ги намалува симптомите на синдром на иритирачки црева
  7. Може да помогне при главоболки и мигрени, а исто така ги ублажува болките и воспаленијата на зглобовите и коските.
  8. Некои истражувања покажале дека валеријаната може да биде корисна и во третман на ишијас, невралгија, периферна невропатија, мултиплекс склероза, епилепсија и недостаток на внимание кај повозрасни деца.
  9. При менструални проблеми, заболувања на уринарниот тракт, цревни паразити, висок притисок и друго.
Прочитајте и...  Wi-fi - убиецот што тивко нѐ убива

Оваа билка не смеат да ја земаат трудници и доилки, како и деца помали од  12 години. Кај лица кои имаат низок притисок и хипогликемија треба да се дава внимателно и препорачано од  доктор. Не смее да се зема во комбинација со конвенционалните лекови кои служат за смирување, бидејќи може да се потенцира нивното делување и појава на несакани ефекти. Како несакани ефекти од користење на валеријана се главоболка, немир, несоница, потешкотии при будење и сл, а со престанок на нејзино конзумирање несаканите ефекти се повлекуваат. Во терапевтски дози, валеријаната се зема најмногу 3 недели, после што се прави пауза од еден месец.

Најпопуларно


To Top