Кујна

Варени охридски ѓевречиња

bagels1

Потребни состојки:

  • 800 г брашно
  • 1 коцка свеж квасец (или 2 лажици сув квасец)
  • 1 шолја вода (млака)
  • 4 лажици масло за јадење
  • 1 лажица свинска маст
  • 1 лажичка сол
  • сусам (за наросување)
  • 1 лажичка мед
  • 1 литар вода (за варење на ѓевречињата)

Начин на приготвување:

  1. Во сад ставете го брашното, квасецот, солта, маслото и свинската маст. Се заедно убаво промешајте со додавање вода.
  2. Замесете средно меко тесто. Оставете го тестото да нарасне околу еден час.
  3. Тестото поделете го на топчиња ( од оваа количина треба да излезат 18 до 20 топчиња).
  4. Со сукало развлечете ги топчињата. Завиткајте ги во форма на ѓеврек. Во меѓувреме во голем сад ставете околу еден литар вода и оставете ја да зоврие.
  5. Во водата ставете едно лажиче мед. Варете ги ѓевречињата околу една минута, а пота префрлете ги во тавче за печење.
  6. Одозгора наросете сусам и печете на 180 степени околу 40 минути додека ѓевречињата не добијат убава кафена боја.
Прочитајте и...  Вкусни и брзи чоколадни мафини

Најпопуларно


To Top