Македонија

Васил Јанкула пристигна во Охрид пред последната етапа на кружната велосипедска тура низ земјата

Васил Јанкула, момчето од Ресен што боледува од церебрална парализа, попладнево на својот трицикл пристигна во Охрид како попатна станица на неговата кружна тура низ Македонија.

d0b2d0b0d181d0b8d0bb d198d0b0d0bdd0bad183d0bbd0b0 d0bad0bed198 d0b1d0bed0bbd0b5d0b4d183d0b2d0b0 d0bed0b4 d186d0b5d180d0b5d0b1d180d0b0 219992

Пред собраните граѓани кои со аплауз го поздравија неговиот подвиг, истакна дека намера му е да ги мотивира сите луѓе да спортуваат и да негуваат здрави животни навики.

– Сакам да ги мотивирам сите лица да спортуваат. Оние кои имаат некој хендикеп нека го искористат во позитивна смисла. Без оглед на временските услови јас не се откажав. Сакав да докажам дека „Сите сме исти“ и дека не треба да се гледа на лицата со хендикеп со други очи, изјави Јанкула.

Ова е седми ден од неговата велосипедска тура низ земјата. Јанкула пред точно една недела тргна од Ресен и преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга пристигна во Охрид. Своето патување е предвидено да го заокружи утре повторно во родниот Ресен, на една од потешките делници преку планината Галичица. 

Прочитајте и...  Продолжуваат хуманите акции на Книгохоличари - донирани 54 книги на одделот за Онкологија

Најпопуларно


To Top