Текстови и колумни

Важната лекција која ја учиме од невозвратената љубов

Пред пет години го запознав него.

Човекот за кого мислев дека е љубовта на мојот живот.

Запознав маж кој на некој начин допре до мојата душа на начин на кој никогаш никој не допрел. Некој кој некако направи да го отворам моето срце и емоционално да му се соблечам. Разбуди нешто во мене. Нешто кое долго време чекаше да се разбуди и ослободи.

Но, тоа што мене ми изгледаше како најдобрата љубовна приказна на сите времиња, во реалноста беше најголемата лага во мојот живот.

Се заљубив во некој кој не ме сакаше на начин на каков што јас го сакав него. Беше толку болно кога дознав дека никогаш нема да бидам сакана толку страствено како што го сакав јас. Но, иако животот е кучка, не можам да го негирам фактот дека тој е најважната лекција која ја научив за животот.

Тој беше мојата најголема грешка, но во исто време и мојот најголем учител.

Прочитајте и...  „Отуѓување“ –Вукашин Ступар

Тој ме научи колку е важно да бидам искрена кон себе си. Кога прв пат го запознав, веднаш се заљубив во него. Како поминуваше времето беше како полека да заслепувам. Можев да почувствувам дека има промена во неговото однесување, но не сакав да поверувам во тоа. Црвеното знаме беше насекаде околу мене и ми покажуваше дека е време да се разбудам од мојот розев сон.

Но, јас не бев искрена кон себе си. Ги игнорирав. Се лажев секогаш кога ќе го видев, секогаш кога ќе ја кренев слушалката од телефонот очајнички надевајќи се дека ќе ги слушнам оние два збора. Длабоко во себе посакував неговите чувства кон мене да се толку чисти и искрени како моите.

Ми помогна да научам дека во животот за некои работи не вреди да губиме време. Дури и за некои работи за кои веруваме дека се правилни за нас. Тој не ме третираше како личноста како која сакав да ме третира.

Прочитајте и...  Бакни ме, бакни ме како никогаш, планетите нека воздивнат...

Ја потрошив мојата младоста обидувајќи се да ставам фластер на нешто што беше скршено уште од самиот почеток. Кога ќе се вратам назад во мислите, гледам дека луѓето кои не се грижат за тебе, не го заслужуваат ни твоето време.

Тој ме научи дека животот е навистина непредвидлив. И понекогаш ќе се случат работите кои никогаш не би помислил дека ќе се случат. Никогаш не помислив дека некогаш ќе молам некого да ме забележи.

Секогаш си велев дека никогаш нема да си дозволам да бидам во врска во која нема да бидам сигурна. И сепак, некако завршив во искусување на таа една работа која ја мразев најмногу. Но, верувам дека сега знам подобро. Сега сум подготвена на сѐ и имам храброст да се справам со сѐ.

Последно, но не и најмалку важно, тој ме научи дека што и да се случи можам да пребродам.

Беше тешко, но преживеав, нели?

Плачев многу. Се чувствував како нешто да ми ги искина градите и беше одземено од мене. Моето срце многу болеше. Се чувствував како душата да ми исчезнува. Но, најдов сила и продолжив. Затоа што на крајот, тоа е единственото што можеме да го направиме за да си помогнеме себе си.

Прочитајте и...  „Одлучи...“

Денес, како возрасна, зрела жена која е во врска со човекот кој ми дава сѐ што може, конечно можам да кажам дека сега знам што е тоа вистинска љубов. Сега знам дека ако некој сака да го помине животот со тебе, ќе биде со тебе. Толку е едноставно.

Автор: А.Е.

Доколку сакате да објавиме ваш текст или колумна, пратете ни на нашиот мејл: [email protected]

Најпопуларно


To Top