Занимливости

Вечна мистерија: Од каде знаеме како изгледал Исус Христос?

Дали имал сини или кафени очи? Кратка или долга коса? Со векови уметниците се обидуваа да го прикажат ликот на Исус Христос, а сега оваа улога е предадена на модерната технологија.

Со векови, Исус Христос е прикажуван како човек со брада, бел тен, со долга, брановидна кафеава или руса коса и (најчесто) сини очи. Барем таков е случајот во западните култури. Всушност, Библијата не го опишува директно физичкиот изглед на Исус, па секој доказ кој ни е на располагање покажува дека неговиот изглед зависи и од времето во кое е изработен неговиот портрет.

ШТО ЗНАЕМЕ ОД БИБЛИЈАТА

Светата книга на христијанството нуди некои насоки за тоа како изгледал Исус Христос. Голем дел од ова знаење потекнува од четирите евангелија на Новиот Завет: Евангелијата на Матеј, Марко, Лука и Јован.

Според евангелијата, Исус бил Евреин, роден во Витлеем и израснат во Назарет, Галилеја (тогашна Палестина, а сега северен Израел), за време на првиот век од новата ера.

Познато е дека Исус имал околу 30 години кога ја започнал својата мисија (Евангелие по Лука, 3:23), но Библијата ни во овој дел не зборува ништо за тоа како Тој изгледал – освен дека не бил специфичен по ништо. Имено, кога Исус бил уапсен во Гетсиманска градина, пред распнувањето (Матеј 26: 47-56), Јуда Искариотски морал на своите војници да им покаже кон Исус меѓу другите ученици – веројатно дека си личеле.

Прочитајте и...  Исус од крстот проговорил седум пати- ова се значајните зборови

За многу научници, Откровение (Поглавје 1, Послание 14 и 15) нуди доказ дека Исус имал потемен тен и дека косата му била во волнена текстура: „Главата и косата му се бели како бела волна, како снег, а очите како огнен пламен. Нозете му се налик чист бакар, печен во печка.“

„Ние не знаеме како (Исус) изгледал, но ако се ова што го знаеме за него е вистина, тој бил Евреин од Палестина, кој живеел во Галилеја во текот на првиот век“, објасни асистент на класични и религиозни студии на Универзитетот во Ајова, Америка и уредникот на списанието Biblical Archaeology Review, Роберт Каргил за History Stories. „Претпоставуваме дека изгледал како галилејски Евреин.“

ЛИКОТ НА ИСУС НИЗ ВЕКОВИТЕ

Некои од најраните прикази на Исус датираат од средниот век на новата ера, повеќе од два века по Неговата смрт. Сликите од античките катакомби на Рим, за прв пат откриени пред 400 години, го прикажуваат Исус како млад човек, добар овчар,со кратка коса и без брада.

Друг од раните портрети на Исус беше откриен во 2018 година на ѕидовите на урнатините од една црква во јужен Израел. Насликани се во 6 век од нашата ера, а на овие портрети Исус е, исто така, претставен со кратка, брановидна коса, што е карактеристично за Византиското царство – посебно во Египет и во регионот на Сирија и Палестина.

Прочитајте и...  Жените кои читаат книги се секси, забавни и самостојни

На почетокот на 4 век од нашата ера, биле создадени првите слики на Исус со долга коса и брада, под влијание на идеите на грчкото и римското божество, особено семоќниот бог Зевс во Грција. Од тоа време, Исус е претставуван во долги наметки, седи на престол (како што е мозаикот од 5 век во олтарот на црквата Санта Пудензијана, Рим), со постепено додавање на ореол околу неговата глава.

„Поентата на овие слики никогаш не била да се прикаже Исус како човечко суштество, туку имало некоја теолошка смисла на прикажување на Исус како Христос (крал, судија) и божествен син“, истакна професорка од Универзитетот во Лондон за теологија и религиозни студии, Џоан Тејлор, за The Irish Times. „Портретите со текот на времето еволуирале во ликот на Исус што го знаеме денес.“

Се разбира, не беа сите портрети на Исус налик доминантниот начин на портретирање на Западот. Всушност, многу култури ширум светот прибегнаа кон Негово отсликување во склад со карактеристиките на својот народ. „Културите имаат тенденција да ги прикажуваат религиските фигури така што тие ќе потсетуваат на расниот идентитет на нивниот народ“, објаснува Каргил.

Чудната прекриивка од Торино

Меѓу моштите кои низ вековите се смета дека припаѓаат на Исус, се наоѓа и познатата прекривка од Торино, која потекнува од 1354 година. Верниците сметаат дека Исус е замотан во парче платно откако е распнат, односно дека негативот на ова платно го претставува вистинскиот лик на Исус. Меѓутоа, многу специјалисти оваа прекривка ја сметаат за лажна, а и самиот Ватикан го смета истото.

Прочитајте и...  СЕ НАОЃА НА ПОCEБНО МЕСТО: Пронајдена е куќата во која paстел Исус Христос

Прекривката од Торино во неколку наврати е прогласувана како фалсификат. “Прекривката е само дел од поголемите феномени кои датираат пред Исус, а целта на нејзиното постоење е да се постигне статус на признати мошти, а ако не може тоа да се постигне, барем да се укаже на предметите кои биле дел од Исусовото тело, животот и свештените служби”.

Фактите кои ни ги даваат научните истражувања

2001 година, пензионираниот уметник во областа на медицината, Ричард Ниев бил на чело на тим од израелски и британски форензички антрополози и програмери, кои рекреирале нова слика на Исус, заснована на череп пронајден во Израел, кој датира од првиот век од новата ера, а благодарение на компјутерските модели и на основа на општи, познати карактеристики на Евреите од тоа време. Сепак, во овој случај никој не тврди дека ова е потполно точна реконструкција на Исусовиот изглед. Схоластиците сметаат дека овој изглед – темните очи, темната коса, пократка и виткана како и висината од околу метар и половина, се најверодостојни и најавтентични од сите постојани уметнички прикази.

Во својата книга, “Како изгледал Исус”, Џоан Тејлор се повикува на археолошките откритија, историските текстови и уметноста од Египетските гробници. Таа заклучила дека голем дел од Евреите во тоа време, како и Исус, имале темни кафеави очи, темна кафеава до црна коса, маслинесто-бронзена боја на кожата и просечна висина од 160 цм.

Најпопуларно

To Top