Кога имал 28 години Борисав Станковиќ, славниот писател, се оженил на еден боемски, романтичен начин, имено сосема случајно, иако тој како суеверен човек длабоко во себе верувал дека таа случајност била неговата судбина.

78064950 2678129598962621 4524029794660122624 n

Својата жена прв пат ја здогледал на една фотографија на некој фотографски излог на Теразије. Била претставена како „маска“, во морнарско одело- за маскенбалот кој тие денови се припремал во Белград. Иако во тоа време бил на врвот од својата книжевна слава, Бора тие денови бил необично недружељубив. Избегавал секакво дружење.

Меѓутоа кога тој ден го забележал ликот на младата „морнар“ девојка, се заинтересирал за неа и им кажал за тоа на најдобрите другари. И на тоа би останал да не го повикале вечерта баш тие исти другари на маскенбалот. После долго противење на крај прифатил, но под услов „само да ѕирнеме, па одма потоа одиме во Скадарлија на вино“.

Првата личност кој на влезот ги пресретнала Бора и неговото друштво била девојката „морнар“. Иста таква „како да излегла од фотографијата“, како што Бора ја опишувал отпосле. Кога ја виделе, сите се збуниле, а најмногу суеверниот Бора. Тој за малку ќе побегнел, зошто не знаел што треба да рави. Девојката изгледа го приметила тоа, му се насмевнала нежно и му понудила да го одведе до гардеробата. Тој тргнал по неа како маѓепсан, а после тоа цела вечер не се одвојувал од неа. И до смрт останал покрај неа!

Прочитајте и...  Една слика, 1.000 зборови: Медицинска сестра по 53 часа на работа

Само неколку недели после таа вечер, таа му станала жена со која понатаму ќе имаат деца и ќе го поминат заедно целиот свој животен век. Бора често најпрво неа и се обраќал за мислење кога ќе напишел нешто ново. Госпоѓа Ангелина ја чувала до смрт, како најголема амајлија, последната недопушена цигара на нејзиниот сопруг, што зборува за вечната заљубеност во својот маж.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде