Видео

Веќе 6 години го носи својот неподвижен другар на грб, а неразделни се уште од првиот ден

12-годишниот Ксу Бингјанг од Кина го воодушеви целиот свет кога се прошири веста дека тој веќе 6 години го носи на грб својот другар Жанг Зе до училиште.

Без разлика дали врне дожд, паѓа снег или грее сонце, Ксу не пропуштил ниту еден ден да не го однесе својот другар на училиште. Тие двајца се неразделни уште од прво одделение.  

Жанг Зе пати од Myasthenia gravis, болест поради која нема контрола врз мускулите и не може сам да оди. Тој вели дека засекогаш ќе му биле благодарен на својот училишен другар.

“Ксу Бингјанг е мојот најдобар другар. Секој ден зборуваме, учиме и се дружиме. Благодарен сум што се грижи за мене”, вели Зе.

Иако она што го прави физички го исцрпува, Ксу вели дека не му смета.

“Јас сум поголем од него. Мислев дека ако не му помогнам, никој нема да го направи тоа. Јас имам повеќе од 40 килограми, а тој околу 25”, вели момчето.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Билборд во Париз ги плаши пешаците кои поминуваат на црвено

Мајката на Бингјанг на почетокот не знаела за подвигот на својот син додека не дознала од другите ученици. Наставниците се исто така горди на ова 12-годишно дете.

“Ксу во текот на сите овие години никогаш не се пожалил и секогаш правел добри дела. Тој е одличен пример за другите деца”, велат од училиштето.

Најпопуларно


To Top