Кујна

Идеални колачиња за Велигден

Потребни состојки:

  • 270 г брашно
  • 120 г путер (омекнат)
  • 1 јајце
  • 50 г шеќер во прав
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1/4 пакетче прашок за пециво
  • 900 г шеќер во прав (ФОНДАН)
  • 1 кесичка желатин (ФОНДАН)
  • 50 г вода (за желатин) (ФОНДАН)
  • 100 г фруктоз (ФОНДАН)
  • 20 г вода (за фруктоза) (ФОНДАН)
  • 1 голема лажица путер, маргарин или глицерин (ФОНДАН)
  • малку мармалад или џем (за премачкување)

Начин на подготовка:

1.Во пластичен сад, со мискер, изматете го путерот, шеќерот и ванилин шеќер. Додадете брашно, јајце и прашок за пецивои месете се додека не добиете мазно тесто. Завиткајте го во фолија и оставете во фрижидер барем половина час да се одмори.

2.Одмореното тесто, помеѓу две проѕирни филии, расукајте го со дебелина од околу 2мм.

3. Со помош на модли (велидгенски) вадете форми. Остатокот од тестото повторно расукајте го и повторно вадете форми.

4. Тавата за печење (доколку не е тефлонска) обложете ја со хартија за печење и врз неа ставете ги колачињата. Печете на 180 степени не повеќе од 10 минути. Внимавајте да не ви загорат.

5.Фондан: желатинот се растовара во 50 мл вода и се остава да набабри (околу 2-3 минути). 100 г фруктоза (ја има во сите) се растопува, на оган, со 20 мл вода и постојано се меша.

Прочитајте и...  Полнети пиперки со сирење

6.Откако ќе зоврие, се остава уште 30 секунди на оган, се трга на страна, се меша со желатинот и се додава една голема лажица путер. Во сад, се меша 900 г шеќер во прав со смесата и се меси се додека не добиеш фина, хомогена смеса.

7.Вака добиениот фондан, се витка во проѕирна фолија, се остава малку да се олади и може да се користи. Се бои со бои за храна (ако се во прав, се раствараат со малку алкохол) и се меси се додека не се добие подеднаква боја. Се сука врз мазна површина, врз шеќер во прав.

8.Испечените колачиња намачкајте ги со малку слатко или џем и врз нив ставете од фонданот. Бидете креативни, шарајте ги и ветуваме дека резултатот ќе биде одличен.

Извор: migusto.mk

Најпопуларно


To Top