Македонија

Верверичките во Скопје ЗОО го прославија својот прв роденден (ФОТО)

Верверичките Рипко, Спанко, Очичка и Инспектор Томе го прославија првиот роденден во скопската  зоолошка градина.

Приказната за тоа како завршиле во Зоолошката, почнала пред точно една година, кога хуман човек ги пронашол на Водно, малечки и непрогледани, по што Зоолошката ги вдомила.

Со секојдневно хранење со по седум шприца млеко на секои два часа дење и ноќе, трите дами и господинот пораснаа. Фотографиите погледнете ги во продолжение.

Прочитајте и...  Кирк Даглас наполни 103 години: Ти си подарок на светот

Најпопуларно


To Top