in

Весели близнаци со Даунов синдром го инспирираат светот преку социјалните медиуми

Џули и Ден МекКонел ги фотографираат и снимаат нивните близначиња Мило и Чарли додека извршуваат најразлични активности, исто како и секои други деца низ светот. Но, овие дечиња кои станаа вистинска вирална сензација, се здобија со големо внимание затоа што двете имаат Даунов синдром.

https://www.instagram.com/p/BvTCS8knjD4/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

Дауновиот синдром е медицинска состојба која се манифестира како хромозомска абнормалност. За една личност нормално да расте и да се развива неопходна е постојаноста на хромозомскиот број. Секаков вид аберации на хромозомскиот број (намалување или зголемување) доведува до промени во генотипот што предизвикува и промени на фенотипско ниво. Бидејќи децата со овој синдром имаат многу различни таленти и способности, нивниот успех на училиште исто така, може многу да се разликува, со што се истакнува потребата за индивидуална евалуација на децата.

https://www.instagram.com/p/B3KQjngJ25s/

Џули и Ден со нивните фотографии и видеа на социјалните мрежи покажаа дека лицата со Даунов синдром се преполни со насмевки, прегратки и љубов, така што иако одгледувањето на дете со овој синдром носи голем број на предизвици, тоа носи уште повеќе подароци.

Прочитајте и...  Купил стар кауч за 60 евра, а кога видел што се крие во него...
https://www.instagram.com/p/B2j-W_NH37Z/

Поради тоа, овие родители сакаат да помогнат во отстранувањето на стигмата околу оваа состојба,а за да го постигнат тоа, ги полнат социјалните медиуми со насмевки.

https://www.facebook.com/charlieandmilo/photos/a.734504300010567/1944918432302475/?type=3

„Јас се надевам дека ќе привлечам семејства во кои има дете со Даунов синдром бидејќи тоа на почетокот може да биде навистина страшно. Се надевам дека тие луѓе ќе не пронајдат и ќе видат колку убав може да им биде животот.“ – Рече Џули за WTSP 10 News. „Забавно е, преполно со љубов, и воопшто не е страшно. Има толку многу радост во нашите животи, и се надевам дека сите луѓе ќе го видат тоа.“

https://www.instagram.com/p/B0_wcxqJ812/

Светот во последниве години започна да покажува повеќе разбирање за лицата со Даунов синдром, но предизвиците сепак оставаат илјадници луѓе со голем страв кога ќе дознаат дека нивното дете треба да се бори со многу препреки во животот. Дури и во општество во кое расте толеранцијата и инклузијата, лицата со Даунов синдром се присилувани да се бранат на суд доколку сакаат да работат, да стапат во брак па дури и да имаат деца.

Прочитајте и...  Ја додадов мама на фејс, не ме прифати – животот на ова златно дете Дејан ќе ви го скрши срцето (видео)
https://www.facebook.com/charlieandmilo/photos/a.720668544727476/1903190033141982/?type=3

За ова семејство, целта е да се обезбеди заедница за родители кои не знаат толку многу за Даунов синдром, помагајќи им да ја разберат дијагнозата и да сфатат колку љубов и радост таа може да обезбеди.

https://www.facebook.com/charlieandmilo/photos/a.1338496812944643/1900346336759685/?type=3

Парот близнаци е исклучително редок. Се верува дека се 1 во 14 милиони случаи. Но, дури и со сосема уникатен пакет на потреби во однос на другите родители, Џули и Ден се среќни кога се во можност да им помогнат на други родители кои сега се во истиот брод во кој тие биле пред 4 години.

https://www.instagram.com/p/B04PjConJDg/

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote