Македонија

Весна Бејби: Помислувам многу често како ќе пееше денес, на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен…

Денеска се навршуваат 12 години од смртта на најголемата музичка ѕвезда во Македонија Тоше Проески. Пред точно 12 години ова беше најтешкиот ден за Македонија, а вистински шок за целиот Балкан и пошироко.

vesna petrushevska toshe proeski

Неговата пријателка актерката Весна Петрушевска и оваа година горко се присетува на последната средба и на кобното утро.

Јас се сеќавам на 15-ти октомври, на оној другиот ден беше вторник и не се сеќавам многу… зошто и би се потсетила? Но, затоа таа понеделничка вечер ме гребе…12 години! Се ми е кристално јасно и неговиот чекор, неговата силуета како се прикрадува за да ме изненади, широката насмевка и задршката на сопственото разочарување. Ја паметам онаа силна прегратка. Кога некој ќе ми каже дека е роден 1981 година, таа година емотивно ме врзува само за него. Помислувам јас многу често како ќе пееше денес, на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен… имам многу сеќавања со него, велат само тогаш знаеме колку сме биле, колку сме живееле и зошто да го браниме нашиот живот. Колку е се бесмислено кога таков лик ќе исчезне преку ноќ… вечерта е тука, утрото го нема… беше ладен и дождлив октомври… мене барем ми беше така…. вечерва исто… те сакам бескрајно и те чувам повеќе од што мислиш бејб. ❤️❤️❤️

Прочитајте и...  Човек кога е со љубов, ќе постигне повеќе, вели Александар Матовски -Цако, чија стихозбирка беше вчера промовирaна

Јас се сеќавам на 15ти октомври, на оној другиот ден беше вторник и не се сеќавам многу…зошто и би се потсетила?но,…

Gepostet von Vesn Bejbimama Petrusevska am Dienstag, 15. Oktober 2019
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top