Дом и Градина

Вежбајте и перете ја облеката со овој неверојатен еко-пријателски велосипед

Многу често, чистењето на вашиот дом го зема вашето слободно време во текот на денот, а листата на задачи едноставно изгледа бесконечна. Покрај тоа, повеќето луѓе тврдат дека не редовно вежбаат само затоа што немаат време.

Овие работи стимулираа група кинески студенти да измислат машини за перење на велосипед, со кои ќе вежбате додека ги завршите домашните задачи, а истовремено ќе ја зачувате планетата!

Машината за перење на велосипед (или BiWa, како што ја нарекуваат студентите) е машина за перење наменета за човекот, која ве охрабрува да бидете физички активни и да штедите вода.

Иновативниот велосипед – кој сѐ уште не го погоди пазарот е дизајниран од страна на студентите на Универзитетот Далијан во Кина.

Имено, педалите на овој велосипед се вртат и го ротираат предното тркало, кое е место за облека. Исто така ќе штедите вода, а со тоа ќе заштедите пари на еко-пријателски начин. Овој велосипед е идеален за сите возрасти и секој сигурно ќе ужива да ја искористи енергијата додека трае перењето. Сега, треба да почекаме и да видиме дали овие кинески студенти ќе можат успешно да го изработат овој концепт за пазарот, бидејќи дефинитивно ќе стане огромен хит.

Прочитајте и...  Трик за лесно чистење на внатрешноста на прозорците

Најпопуларно


To Top