in

Ви претставуваме нов автор на мини книги, креативната Диана – секоја среда на нашиот сајт

Драги читатели, од денес започнуваме со објавување на серијал мини-книгички од авторката Диана Ситниковска.

Добредојдовте во NeenJah универзумот!
Секоја среда ќе може да го прочитате наредното продолжение на приказната, директно на нашиот портал.

„Кога бев малечка, обожавав да сликам, цртам, бојам, да решавам најразлични загатки, да читам книги и да пишувам мои песнички и приказни. Како што растев, животот стана толку брз, па сфатив дека годините ми прелетуваат пред мене, а моите таленти останаа неискористени со години. Вирусот кој се прошири низ планетава ми ги врати моите супермоќи и љубовта која заборавив дека ја имам во мене.

Пред неколку денови, започнав со објавување на мои МИНИ книгички. Јас сум креаторот на ликовите илустраторот, и писателот на приказните зад карактерите.

Моите книгички се како загатки, во секоја од нив има скриена порака, а ликовите се скриени имиња на луѓе од мојот живот“

Сите книгички може да ги прочитате на Англиски јазик на блогот на Диана, The Day I Became A Superhero.
Придружете се и во Facebook групата на Диана за повеќе интересни содржини 🙂

Прочитајте и...  Пресметка со реалноста

Првите шест книгички може да ги прочитате ТУКА.

Седмата книгичка може да ја прочитате ТУКА.

Со љубов, Публицист.мк и Диана Ситниковска.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote