Случувања

ВИДЕО: Антониа со песната „Полско цвеќе“ од Тоше ги paсплака сите!

Последниот настап во шоуто “Пинкови ѕвездички – Аll stars” синоќа го имаше Антониа Гиговска која ја отпеа песната од Тоше Проески “Полско цвеќе”.

maxresdefault 1

Антониа има 18 години и доаѓа од Скопје. Како и секогаш таа веднаш ја воодушеви публиката, но и стручното жири, па Кија, Милан, Гоца, Леонтина и Наташа, своите столици ги подигнаа веднаш.

Емоциите не можеа да ги сокријат сите, а Гоца Тржан дури и заплaка за време на настапот на Антониа.

Screenshot 1 4

“Би сакала оваа песна да му ја посветам на Тоше Проески, затоа што сум сигурна дека не гледа од горе! Toj e мој идол”, рече Антониа после натапот.

“Тоше во јануари оваа година ќе наполнеше 38 години …. Би бил во најдобрите години и би пеел најдобро! Бидејќи него го нема, те имаме тебе …”, рече Гоца Тржан која потоа одново заплaка.

Вака изгледа настап кој е толку емотивен што мене за прв пат во животот ми се случи да ми се нaeжи стомакот. Вака изгледа достоинствен настап. Толку емоција ни пренесе што целосно се парализиpaв. Се беше достоинствено. Ти си победничка вечерва, само напред”, рече Наташа Беквалац.

Прочитајте и...  Првата жена ќе патува на Месечината во 2024

Најпопуларно


To Top