Тим на археолози од Полска веруваат дека го пронашле влезот во подземниот свет на древната цивилизација на Маите. Археолозите велат дека откриле докази за принесување на човечки жртви.

Тие веруваат дека наоѓалиштето го откриле само на неколку метри од местото каде се одиграла последната битка на древната цивилизација на Маите со Шпанија. Местото кај езерото Петен во Гватамела.

Полскиот тим на истражувачи откриле повеќе од 100 артефакти, вклучувајќи и докази за ритуали, меѓу кои и придонес на човечки жртви. Тие веруваат дека на островот среде езерото постојат докази за конечната битка против шпанските освојувачи.

„Водата имала специјално и симболично значење во верувањата на древните Маи. Се сметало дека тоа е вратата кон подземјето, светот на смртта, Сибалба, каде живееле нивните богови“, вели Магдалена Креземиен.

Затоа што сакале да го проверат местото кое се чинело многу важно за историјата на Маите, нуркачките експедиции велат дека ги планирале своите акции на основа на пишаните извори, но и со помош на интуицијата.

Прочитајте и...  Јапонци ја пеат „Брала мома капини“ - спот кој мора да го видите!

„Во повеќето случаи пронајдовме голем број артефакти“, додала Магдалена која била водич на тимот археолози.

Пронајдени се и керамички садови, од кои некои од нив содржеле животински коски. Еден бил посебно изрезбан. Уште едно интересно откритие во однос на островот на езерото, познато како Flores, кај Тајасал, еден од градовите на Маите. Тоа било последно независно домородско кралство во Америка.

Во 1697 година островот го освоил конквистадорот Мартин де Урсуа и Арисменди.

„Повеќето пишани извори велат дека битката меѓу Шпанците и Маите кои живееле во Тајасал, се одвивала на западната страна на островот. Пронајдовме артефакт на ова подрачје. Камена глава која би можела да биде поврзана со битката“, изјавила Магдалена и додала дека веројатно го пронашле местото на последната битка.

Одредени реликвии од езерото се предкулумбиските, а датираат од 150 години пред новата ера, па се до 800 година од новата ера. Но, Магдалена нагласува дека тимот извршил само набљудување на местото, но не го завршиле целокупното ископување.

Прочитајте и...  Дали знаете каде се наоѓа најголемиот паркинг за велосипеди на светот?

„Треба да направиме подводни ископувања за да бидеме сигурни дека подрачјето во кое сме ги откриле објектите, е подрачје на ритуални активности. Во моментов не можеме да бидеме сигурни околу контекстот на предметите и дека нивната локација не е резултат на движење на водата или други фактори“, нагласила Магдалена.

Археолозите веруваат дека двата пронајдени ритуални предмети, припаѓаат на местото на кое се откриени и тврдат дека еден дел од езерото може да се нарече дека е свето. Тие веќе имаат општ поглед каде би требало да продолжат со ископувањата во наредните години. Следната експедиција се очекува да пристигне на местото во август.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.