Видео

ВИДЕО: Дете пишува домашна работа под бандера

Милиони беа трогнати од приказната на 12 годишното момче од Перу кое пишува домашна работа среде ноќ по бандера , зашто родителите немаат пари за да платат струја.

ni o

Полицијата од местото Моче на безбедносните камери забележало момче кое во три часот ноќе на пустата улица чита и пишува под бандера. Но , кога зумирале , увиделе дека детето пишува домашна работа.  Полицијата снимката ја сподели на социјалните мрежи , по што медиумите ја објавија приказната за малото момче.

Виктор Мартин ретко кога дома успевал да научи и да напише домашна работа , бидејќи морал да учи на свеќа. Родителите се толку сиромашни што немале пари за да платат за струја. Затоа , малиот Виктор решил да учи под светлоста на уличното осветление. Учел ноќе зашто по часовите морал да помага дома и да ги чува домашните животни.

Мајката Роса Ангуло Кордоба за медиумите изјавила дека Виктор секојд ен ги пасе овците , а помага и во домашните работи , така што нема време за учење.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Рачно направени тестенини претворени во вистинска уметност

Откако милиони го погледнаа видеото на социјалните мрежи репортажата за момчето , градоначалникот на местото Моче вети дека ќе ги плати сметките за струја на семејството на Виктор, кој и покрај тешкиот живот има одлични оценки на училиште.  

Најпопуларно


To Top