(ВИДЕО) Драма во автобус на ЈСП: Пијан патник кршел предмети, па го нападнал возачот, потоа тој добил ќотек

На 27.08.2019 во 21:50 часот во СВР Скопје бил приведен М.С.(32) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба, поради нарушување јавниот ред и мир со кршење на предмети во автобус со број 5 на ЈСП Скопје, додека сообраќал во близина на спортски центар во населбата Аеродром.

jsp

Потоа насилникот и физички го нападнал возачот на автобусот Б.Ш.(57) од Скопје.

По излегување од автобусот на автобуската постојка, М.С. бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.