ВИДЕО: Голем шумски пожар на падините на Осогово

Голем шумски пожар доцна попладнево избувна на падините на Осоговските планини во близина на селото Лешки, а поради густиот чад и високите пламени јазици за сообраќај е затворен и регионалниот пат од Кочани кон туристичкиот центар на Пониква.

uploads thumbs resize 800x420 385105

Огнот бил забележан околу 16 часот над селото Бели и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири на поголема површина нискостеблеста шума, а веќе зафати и борова шума на околу петнаесетина хектари. На подрачјето се оштетени и овошни насади и повеќе пчелни сандаци, а постои опасност огнот да зафати и неколку викенд куќи во близина.

На терен се излезени сите екипи и возила на Територијалната противпожарна единица од Кочани кои интервенраат во гаснењето на огнената стихја, а поддршка имаат од вработени и механизација на комуналното претпријатие „Водовод”, од шумското стопанство „Осогово”, од Дирекцијата за заштита и спасување и од други институции.

Потешкотија во локализирањето на пожарот е непристапноста на теренот и ветерот што се засилува, поради што екипите кои интервенираат ќе останат и во текот на ноќта./МИА

На социјалните мрежи се споделува и видео на кое се гледа силината на пожарот во близина на ресторанот ,,Осоговска куќа”

https://www.facebook.com/watch/?v=747749632313114&_rdr
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.