На хрватската планина Завижан врне снег, а бидејќи температурите се околу нулата, се очекува врнежи да има и во другите предели, пренесуваат медиумите.

Počeo se stvarati snježni pokrivač na Dinari 😍Temperatura zraka – 1°C

Gepostet von Crometeo am Donnerstag, 3. Oktober 2019

Како што се гледа на снимките, снегот почнал да врне во Завижан, а може наскоро да премине и на другите места, информира Индекс.хр.

Нови обилни врнежи од полноќ до 11 часот утринава имало во делови на Далмација, јавува Далмација денес.

На Вис наврнало 49 литри дожд по квадратен метар. Грмежите од средината на денот се преместиле над Брач. На Динара температурата паднала на 0 степени и почнало да врне снег.

Вчера бурата била толку силна што превртела и камиони. Поради бурата во Хрватска, бил затворен и автопатот на подрачјето на Масленица, а ветерот правел проблеми и на магистралата кај Велебит.

Прочитајте и...  Невреме над Балканот – снег, дожд и голем пад на температурите
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за