in

ВИДЕО: Грците нудат куќа, имот и 500 евра месечно секому кој ќе се досели на овој остров

Преубавиот грчки остров на југот на Пелопонез – Антикитера официјално има само 20 жители. Поради се помалку луѓе и фактот дека без нив се ќе пропадне, Грците нудат куќа, парче земја и 500 евра на секој кој ќе се досели.

Високите карпи кои гледаат кон морето, скриени пештери кои треба да се откријат, мало село во кое времето застанало и бујна вегетација која шири мирис на рузмарин и лаванда секако ќе ви посакаат добредојде.

Во близина е Крит од кој со траект се патува два часа. Антикитера е прилично дива, но недопрената природа е она што го прави шармантен. Морето е кристално чисто и совршено за нуркање, а на плажите нема метеж.

Грците нудат куќа, имот и 500 евра месечно секому кој ќе се досели на овој остров (ВИДЕО)

Сподели на FacebookТвитниСкопје24| јуни 21, 2019

Преубавиот грчки остров на југот на Пелопонез – Антикитера официјално има само 20 жители. Поради се помалку луѓе и фактот дека без нив се ќе пропадне, Грците нудат куќа, парче земја и 500 евра на секој кој ќе се досели.

Прочитајте и...  Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација

Високите карпи кои гледаат кон морето, скриени пештери кои треба да се откријат, мало село во кое времето застанало и бујна вегетација која шири мирис на рузмарин и лаванда секако ќе ви посакаат добредојде.

Во близина е Крит од кој со траект се патува два часа. Антикитера е прилично дива, но недопрената природа е она што го прави шармантен. Морето е кристално чисто и совршено за нуркање, а на плажите нема метеж.

Доколку сакате да се исклучите, да се чувствувате како надвор од светот, да потонете во мир, ова е вистинско место за вас. На островот постојат само три села во кои доминираат претежно бели куќи и тесни улици, но тука има и неколку таверни и продавници.

Ништо на Антикитера не е слично на Парос, Миконос и Санторини, но ова е автентична Грција. Сепак, и покрај се, туристите го избегнуваат, а изгледа дека и локалното население му свртело грб. Тука има од 20 до 40 луѓе, ниту едно дете и се што се случува, се случува во селото Потамос, пренесува Noizz.

Прочитајте и...  „Гандалф“ го бакна и запроси „Пикард“ на црвениот тепих
antikythera 1

Така се родила генијална идеја и покрената е кампања за повторно населување на островот, се бараат луѓе кои сакаат да се реселат на Антикитера и тука да основаат семејство. Самите природни убавини сепак не се доволни за ваквата иницијатива, па на дојдените им се нуди куќа, обработлива земја и 500 евра месечно во текот на првите три години. Во понудата дури има и бесплатна храна. Неопходно е сепак трајно да се преселите.

Засега околу 15 млади семејства се распрашале за условите.

unnamed file

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote