Случувања

ВИДЕО: Милиони парчиња пластичен отпад ги затрупале ненаселените австралиски „рајски“ острови

Според најново истражување, речиси половина милион пластични обувки и повеќе од 370.000 четкички за заби се најдени на плажите на Кокосовите острови кои се наоѓаат во источниот дел на Индискиот Океан, јавува Си-ен-ен.

mkd 421912

Резултатите на истражувањето објавени вчера во списанието Сајентифик репортс покажаа дека на оваа австралиска територија се натрупале 238 тони пластика, и покрај тоа што таму живеат едвај 500 луѓе.

Групата од 27 острови е главно ненаселена, а на туристите им се претставува како „последниот австралиски нечепнат рај“.

„Голем дел од ѓубрето е потрошувачка стока за еднократна употреба како капачиња за шишиња, сламки, влечки и сандали“, изјави авторката на истражувањето, еколошката Џенифер Лаверс од Универзитетот на Тасманија.

„Нашите океани се загадени со пластичен отпад, а оддалечените острови се одличен пример за тоа колку од ова ѓубре кружи по нашата планета. Таквите острови се како канаринците во рудниците за јаглен кои предупредуваат на разни загадувања и време е да ги послушаме нивните предупредувања“, додаде таа.

Прочитајте и...  ПРИМЕР ЗА СИТЕ: Триесетина ентузијасти го „светнаа“ Водно

Коавторката на истражувањето, еколошката Анет Фингер од Универзитетот Викторија, проценува дека само во 2010 година 12,7 милиони тони пластика стигнале во светските океани.

„Пластичниот отпад им се заканува на сите животински видови. Единственото одржливо решение е намалување на производството и потрошувачката на пластиката со подобро управување со отпадот“, вели Фингер.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top