Македонија

ВИДЕО: Момче брутално шутира мирно куче на игралиште во Куманово

На видеото кое веднаш стана вирално на социјалните медиуми, се гледа како неколку момчиња се присутни на игралиште кога момчето во фокус се приближува до куче кое претходно мирно си седи на теренот и насилно го шутира.

Од снимката се гледа како момчето кое снима вели: „Еве ги пријаелот каде се чеша“ на кумановски дијалект, а потоа, другото лице со залет го удира силно кучето во пределот на стомакот. Кучето со болка и плач избега. На крајот од видеото повторно се слуша како лицето вика: „Го ритна несакајќи“.

За мачење на животни, како што пишува во членот 233 од Кривичниот законик, следува казна до една година затвор.

„Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, пишува во Кривичниот законик.

Прочитајте и...  ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА КАЈ ПАЦИЕНТКА ОД ДЕБАР- меѓу заразените и 15 годишно момче!

Најпопуларно

To Top