in ,

ВИДЕО: Момче со аутизам и оштетен вид ги освои срцата на публиката на „Америка има талент“

Коди Ли е 22-годишен музички талент од САД кој во популарното шоу „Америка има талент” ги освои и публиката и жирито, на чело со строгиот Сајмон Кауел. Коди тоа го постигна со својата изведба, но и со решителноста да ги добие своите „пет минути слава“, без оглед на пречките, односно неговата комбинирана попречност.

291857 0.basic kodili

Имено, тој е лице со аутизам и со целосно оштетен вид, а на сцената застана о придружба на неговата мајка Тина. Потоа тој ја отсвири и отпеа песната „A Song For You”, со која сите ги крена на нозе.

-Ова беше извонредно, навистина извонредно. Јас не знам како е да се биде во светот на Коди… Но, момче, твојот глас е фантастичен, имаш прекрасен тон. Ќе го помнам ова цел живот, гласеше оценката на Кауел.

Новата членка на жирито, Габриела Јунион ѝ оддаде почит и на неговата мајка. – И јас скоро станав мајка. Затоа знам дека на своето дете му посакуваш и ѕвезди и виножита. А, вечерва јас ќе ви дадам нешто посебно, рече музичкиот експерт по што го притисна специјалното „златно копче“, што го праќа Коди директно во емисијата во живо.

Прочитајте и...  ВИДЕО: „Backstreet Boys“ ги пееја хитовите од дома

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote