Случувања

ВИДЕО: Настапот на Мадона на евровизиската сцена

Мадона беше специјална гостинка во евровизиското финале. 60-годишната пејачка настапи на големата сцена во Тел Авив, веднаш по завршувањето на изведбите на сите земји учесници.

Големата поп-икона го изведе нејзиниот голем хит „Like A Prayer“ и за првпат настапи во живо со новата песна „Future“, за која ѝ се придружи американскиот рапер Quavo.

https://www.youtube.com/watch?v=UHIbjuZ22ck

Оваа година изминуваат 30 години од лансирањето на „Like A Prayer“.

Дизајнерот Жан Пол Готје се погрижи за изгледот на Мадона. Тој изјави дека за стајлингот се инспирираше од Јованка Орлеанка. „Нешто како Јованка Орлеанка. Бидејќи таа е победник, да речеме, воин“ – изјавил тој.

Прочитајте и...  Состојба во светот до 10 часот: Регистрирани 937.941 заразени со коронавирус

Најпопуларно


To Top