Видео од фаталната тепачка во Лисиче каде беше убиено 17 момче

Седумнаесетгодишно момче го загубило животот откако по расправија која продолжила во физичка пресметка бил прободен со нож од негов врсник.

TELEMMGLPICT000179437829 trans NvBQzQNjv4BqDI1jieMJtrozPRHESlT58hMZi QIlkzfWEIwEBBhCFE

Напаѓачот е пронајден и приведен во полициска станица.

Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.

– Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со визоло на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал, појаснија од МВР.

Полицијата го пронашла и привела А.Т. и работи на расчистување на случајот.

„Независен весник“ објави и снимка од тепачката која претходела на убиството, снимена од околните згради.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.