Македонија

ВИДЕО: Одбојкарите прославија со оро, „Бисер Балкански“ грмна и во Љубљана!

Како што ги завршија квалификациите за ЕП 2019 во Скопје, така продолжија и во „Стожице“ во Љубљана. По првата победа над Белорусија, нашите најдобри одбојкари го прославија успехот со оро и заиграа на теренот.

На цел глас се пееше патриотската песна „Бисер Балкански“, која низ години е омилена на оваа спортска селекција. Сите успеси се славеа со оваа песна, па така и дебитантската победа на европскиот одбојкарски собир.

  • Славјето на одбојкарите во „Стожице“:

Одбојкарите добија поддршка и од навивачите, кои во еден глас ја пееја нумерата со која се идентификува нашата земја. Потоа, направија и заеднички фотографии за спомен, за историската победа на Европско првенство која долго ќе се памети.

Прочитајте и...  Словенија го сопре воведувањето на 5G мрежа
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top