Видео

ВИДЕО: Погледнете на кој начин се правеле кондомите во 19-тиот век

Кондомите засега се најсигурен начин за заштита од сексуално преносливи болести и доаѓаат во разни големини, бои, вкусови и мириси.

Но, дали некогаш сте се запрашале како изгледале првите примитивни презервативи?

Тие своите корени ги влечат од Викторијанското време (1837-1901) кога се уште не постоел латексот од кој кондомите се изработуваат денес. Наместо тоа, луѓето импровизирале, па така за изработка користеле црева од овци.

Откако цревата ќе се исчистат и скратат на саканата должина, парчето се става во мешавина на сулфур и база во која стои неколку денови за да се „дезинфицира“. Заради таа техника, првите кондоми биле тврди како камен, па пред користењето морале да се натопат во вода и заврзат околу гениталиите.

Бидејќи ова средство за заштита било многу скапо, не било наменето за еднократна употреба, туку по миењето кондомот се сметал за чист и подготвен за повторно користење.

Група ентуизјасти од САД дури и снимија видео на целиот процес на изработка на кондомот, според „рецептот“ од средината на 19-от век.

Прочитајте и...  (ВИДЕО) Погледнете како изгледа денес бебето што се роди тешко повеќе од 8 килограми

Најпопуларно


To Top