in

ВИДЕО: Пожар во Чернобил, радиокативното зрачење 16 пати над дозволеното

Во Чернобил, Украина, каде се случи најголемата нуклеарна катстрофа, избувнал пожар кој зафатил над 100 хектари земјиште. Поради него, зголемено е и нивото на радиоактивното зрачење. Од Службата за еко-инспекција објавија и фотографија од Геигеров бројач, преку која се гледа дека радијацијата е 16 пати над дозволеното.

https://www.facebook.com/100000190799435/videos/3393938787289114/

„Пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарот кој избувна во Чернобил. Ситуацијата е комплицирана. Пожарот се проширил, а досега изгореа повеќе од 100 хектари кои се наоѓаат на подрачјето на Чернобил. Како што веќе се знае, се запали трева, а огнот се прошири и кон дрвјата“, објави тамошениот генерален инспектор, Јегор Фирсов.

Огнот гори во рамки на ексклузивната зона на Чернобил, која опфаќа 2.600 метри квадратни, а е воспоставена после нуклеарната катастрофа во 1986 година, кога радиоактивен облак зафати поголем дел од Европа.

Зоната е воглавно ненаселена, но околу 200 луѓе останаа да живеат тука и покрај предупредувањата да си заминат.

Прочитајте и...  Поради топењето на ледот на Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote