Македонија

ВИДЕО: Пред Павлов пaднa и светскиот шампион – Се враќа дома со златен медал!

Македонскиот каратист Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија откако во финалниот меч со 5-4 го совлада актуелниот светски шампион, Италијанецот Анџело Крешенцо.

Павлов до победата стигна буквално со поен освоен во последната секунда и повторно како и на Европското првенство во 2019 година беше подобар од Италијанецот Крешенцо. Оваа победа е голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство и квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Токио.

Погледнете го видео од финалето и победата на Павлов:

Karate – Premier League Salisburgo 2020 – Angelo Crescenzo – Kumite M -60 Kg

🥇 Sembrava tutto fatto per l'oro di Angelo Crescenzo⌛ Ma, proprio sul gong, l'azzurro subisce un ippon❌ E cede la vittoria al macedone Emil Pavlov🥈 Per l'italiano è argento nella -60 kg di kumite🥋 A Salisburgo, 3a tappa di karate Premier League

Gepostet von PMGSport am Sonntag, 1. März 2020

Во борбите од главниот жреб кои се одржаа во петокот во полуфиналето Павлов беше подобар од Казахстанецот Даркан Асадилов со 2-1, а претходно ги добиваше и Мохамед Фахед од Јордан со 3-2, Ненад Дуловиќ од Црна Гора со 1-0 и Јертанек Баитурејев од Казахстан со 4-0.

Прочитајте и...  Во Кичево приведен малолетник за поседување марихуана

Извор: Спортски.мк

Најпопуларно


To Top