in

(ВИДЕО) Прошетка на пингвини во музеј: Не можат да го тргнат погледот од уметничките дела

Пингвините од зоолошката градина во Канзас неодамна имаа можност да го посетат блискиот музеј за уметност Нелсон-Аткинс. Сите беа воодушевени од тоа колку внимателно ги гледаа барокните и импресионистички ремек-дела додека шетаа по ходниците.

Идејата да се донесат пингвините во Музејот, всушност, требало да биде првоаприска шега.

На 1 април директорот на музејот за уметност „Нелсон-Аткинс“, Џулијан Загазиготја, му се јавил на директорот на зоолошката градина во Канзас за да се распраша какви се нивните планови за повторно отворање на зоолошката за посетители.

„Во Канзас Сити, сите доста блиску соработуваме, особено културните институции и непрофитните организации. Се јавив да видам што се случува и кога планираат да ја отворат зоолошката за посетители. Тогаш, шегувајќи се, реков: ‘Можеш ли да ги донесеш твоите пингвини да го посетат музејот?’“, раскажува Загазиготија за Инсајдер.

Наместо да се насмее, директорот на зоолошката градина веднаш ја прифатил понудата и персоналот на Музејот и зоолошката градина започнале да ја планираат посетата на пингвините.

Прочитајте и...  Гуска спасува улично кученце од студ, загревајќи го со нејзините крилја

Главната задача била како да се обезбеди безбедноста на пингвините, но и на уметничките дела.

Вработените во зоолошката градина внимателно го следеле секој чекор на пингвините, кои со големо внимание ги гледаа изложените ремек-дела.

Директорот на Музејот вели дека тие се однесувале исто како и луѓето. Шетале по ходниците и ги разгледувале сликите.

Откако пингвините пристигнале во Канзас Сити од Перу, Загазаготја им зборувал на шпански јазик. Сите очекуваке дека на пингвините најмногу би им се допаднале лилјаните на Моне, но тие покажале поголем интерес за барокното сликарство.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote