Со речиси 250.000 следбеници на инстаграм, вирално ЈутЈуб видео и објавена книга “Pasta, pretty please”, оваа готвачка изгради империја од брашно, свежи јајца, вода и креативна опсесија.
Рачнатата изработка на тестенини е голем предизвик и награда за секого, но овие на Линда Милер Николсон се различни од сите други.
Оваа готвачка ги прави тестенините, ги бои со растителни нијанси, а потоа од нив прави најразлични форми. Таа има направено портрети на познати лица од тестенини и има направено облека од тестенини за Модна недела.
Погледнете го виралното видео на Тејсти на кое ги прави тестенините, а потоа фотографиите кои ги подготвивме за вас.