Кујна

ВИДЕО: Рецепт за највкусната чоколадна торта

Тесто како најмекото колаченце покриено со богат чоколаден крем кој ќе ви го заведе непцето. Ќе биде претешко да ја поделите оваа чоколадна торта со најблиските, но за среќа излегуваат навистина многу парчиња, па ќе има доволно за сите.

recept za najsovrshenata cokoladna torta koja ste ja probale 1

Потребни состојки:

За тестото:

  • 450 gr чоколадо за готвење исечкано на парчиња
  • ½ шолја омекнат путер на коцки
  • 6 жолчки
  • ½ шолја шеќер
  • ½ шолја слатка павлака
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 6 белки
  • Свеж рузмарин, вишни, цреши или малини за декорација (по избор)

За чоколаднaта глазура:

  • 450 gr чоколадо за готвење исечкано на парчиња
  • ¾ слатка павлака
  • 1 лажица мед

Како се подготвува?

1. Загрејте ја рерната на 175˚С.

2. Стопете ги чоколадото и путерот на пареа. Откако ќе се стопат целосно, тргнете ја смесата настрана малку да се подолади.

3. Додадете ги жолчките, а потоа шеќерот и добро измешајте. На крајот додадете ја слатката павлака и екстрактот од ванила во смесата.

Прочитајте и...  Давале бесплатно гориво за сите што ќе дојдат во бикини, но ова не го очекувале: Наместо жени, се појавиле мажи во танги (ВИДЕО)

4. Изматете ги белките додека не станат цврсти и пенести и нежно додадете ја белата во чоколадната смеса со помош на маталката од миксерот. Не претерувајте со силно мешање.

5. Истурете ја смесата во намрсено тавче за печење попрскано со малку какао во прав. Печете околу 40 минути или додека краевите не стават малку крцкави, а внатрешноста е сè уште мека.

6. Загрејте ја последната количина слатка павлака и истурете ја врз втората половина чоколадо (450 gr). Мешајте додека добро не се спојат. Додадете го медот и оставете добро да се олади.

7. На крајот премачкајте го колачот со чоколадната глазура и декорирајте со гранчиња рузмарин и ситно овошје по желба.


Најпопуларно


To Top