Видео

ВИДЕО: Ренџер теши горила која само што ја изгуби својата мајка

Оваа фотографија од ренџер кој теши горила која само што ја изгубила својата мајка стана хит на интернет.

На сликата погоре е прикажан Патрик Карабаранга, ренџер во Националниот парк Вирунга во Демократска Република Конго, кој седи со горила во нивното засолниште. Врската помеѓу нив е навистина посебна, а горилата ја покажува нејзината благодарност за неговото сочуство со ставање на нејзините раце врз нозете на ренџерот.

Како и другите горили кои живеат во ова засолниште, и оваа ја изгубила својата мајка поради ловџиите или пак како резултат на илегални обиди на трговците со животни да ги шверцуваат надвор од паркот.

Со повеќе од 200 планински горили, Националниот парк Вирунга учествува со околу една четвртина од светската популација на планински горили.

Прочитајте и...  ФОТО: Индијка по 57 години обидување стана мајка, роди близначиња на 74 години

Најпопуларно


To Top