Видео

ВИДЕО: Робин Вилијамс пред да почине го испратил ова видео на пациентка болна од рак

Вивијан Валер е 21 годишна девојка која сака глума, фотографија и да поминува време со својата ќерка Софи. Таа исто така боледува од рак. Вивијан има рак на дебелото црево, белите дробови и црниот дроб. Веднаш штом дознала дека има рак, таа направила листа на работи што мора да ги направи:

  • Да се омажи
  • Да го дочека првиот роденден на нејзината ќерка
  • Да го прослави нејзиниот 21 роденден
  • Да патува во Раротонга
  • Да го запознае Робин Вилијамс

Таа се омажи за нејзиниот најдобар пријател за брзо време откако дозна дека има рак. Со помош на хумани луѓе тие успеале да организираат прекрасна свадба и 10 дена меден месец иако некое време од медениот месец поминала во болница.

Наскоро таа наполнила 21 година и исто така имала прекрасна прослава.

Потоа, го дочека и роденденот на нејзината ќеркичка.

Таа била премногу болна да патува во САД, но еден од нејзините пријатели го контактирал Вилијамс и и ја остварил нејзината желба.

Тој и го испратил ова видео само неколку месеци пред да се самоубие.

Прочитајте и...  Џесика Алба како принцеза во бисерен фустан

За жал, Вивијан Валер почина. На споменот за неа имало видео на кое таа рекла „Софи е најдобрата работа што ми се случила во животот. Не би ја заменила за ништо на светов. Ох, колку многу работи сакам да ти кажам“.

Најпопуларно


To Top