Македонија

ВИДЕО: Руската рок група “Земляне” направи плагијат од песната на Тоше Проески „Боже чувај ја од зло“

Screenshot 219 702x459

Песната „Боже, чувај ја од зло“ е песна на македонскиот пејач Тоше Проески. Од оваа песна произлезе рускиот плагијат од рок групата “Земляне” со наслов „Боже“. Како автори на песната се наведени скроз други лица, што е незаконски и е отуѓување на мелодијата. Групата ја претстави оваа песна како нивна премиера, без притоа да наведат кој е оргиналниот автор на нумерата.
На прикаченото видео на Јутуб стои дека ова се авторите:
Автор на текст: Владимир Киселёв
Автор на музика: Владимир Трушин
Револтираните обожаватели на Тоше Проески прашуваат „Дали нешто би се преземало околу ова од тие што го чуваат ликот и делото на Тоше?“
Еве како звучи руската верзија:

Една од најпопуларните, но и најстарите руски рок групи „Землјане” која постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена, ги разгневи почитувачите на ликот и делото на Тоше Проески, откако промовираше плагијат на хитот на Проески, “Боже чувај ја од зло„, а песната ја претстави како своја, авторска.

Прочитајте и...  Ограбени студентите кои престојуваат во „Стив Наумов“ во време на карантинот

Насловот на плагијатот на „Землјане“ е „Боже“ и истата ја промовирале на музичкиот канал Јутјуб кон крајот на месец февруари годинава.

Под линкот со песната е наведен и авторскиот тим, односно под музиката е потпишан Владимир Трушин, а пак под текстот, кој е само преведен и прилагоден на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top