Видео

ВИДЕО: Слепо куче има куче водич, кое му помага во животот

Видео од слепо куче кое се симнува по скали со помош на своето куче водич станат вирален хит  и стопи милиони срца ширум светот.

Дуото е снимено во еден хотел на Филипини и кучето Џинџер, водич од расата златен ретривер, трпеливо го чека Кимчи, куче од расата кавалаерски кралски шпаниел кое е слепо, за да се симнат по скали.

На видеото се гледа дека помеѓу нив има однос базиран на комплетна доверба. Нивните сопственици велат дека кучињата развиле неверојатна врска и сега се неразделни.

Инаку, Џинџер и Кимчи живеат во Манила на Филипини и неретко ги посетуваат луѓе кои се под стрес за да добијат емоционална поддршка од нив.

Кучиња за терапија се користат со луѓе, но досега не сме слушнале да им асистираат на други животни. Оваа приказна дефинитивно ја прогласуваме за позитива на денот.

Прочитајте и...  Видео кое стана вирално: Кое име го слушате вие?

Најпопуларно


To Top