Видео

ВИДЕО: Слушнете како овие фоки пеат познати песни

Сите фоки можат да ги имитираат звуците на човечките зборови како и песните меѓу кои нумерата “Twinkle, twinkle, little star”, соопштија научници од Шкотска.

sive foke pevaju Aps 380546810

Истражувањето покажало дека три истренирани фоки можеле да имитираат делови од популарни мелодии, а во тоа посебно се истакнала фоката Зола.

Имено, Зола успеала да имитира дури 10 ноти од мелодијата на „Војна на ѕвездите“ како и од “Twinkle, twinkle, little star” .

Ова истражување на научниците им овозможи подобро разбирање на еволуцијата на вокалното учење како и за развојот на човечкиот јазик.

Истражувањето покажа дека сивите фоки можат да бидат нов модел за проучување на нарушувањата на говорот затоа што тие го користат вокалниот тракт на ист начин како и луѓето.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Како да добиете отказ за помалку од 20 секунди
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top