ВИДЕО: Снимка на НАСА која го прикажува неверојатниот ефект на глобалното затоплување

Климатската промена може да е тешко да се забележи одблиску, но поплавите, невремињата и жешките бранови кои ги предизвикува може да се појават во последните години поинтензивно од поранешните настани.

Сепак, ако одзумираме оддалеку, ефектите на климатската промена стануваат многу повидливи.

Ова е тоа што го работеше наса во последните неколку декади. Преку нивните сателити, Вселенската агенција може да ги следи планетарните настани преку долг временски период.

Потоа преку магијата на тајмлепс снимките, сите овие информации стануваат јасни за нетренираното око.

НАСА ја објави тајмлепс компилацијата на глобално видео снимки со цел прославување на 20 годишнината од пуштањето во употреба на SeaWiFS сателитот.

Видеото прикажува видливи континентални и океански промени, како што се промената на концентрациите на одредена боја. Некои промени се од сезонски тип, како што се цветањето и венењето на растенијата, додека некои се трајни.

Погледнете го целото видео подолу:

Прочитајте и...  Држењето лаптоп во скут може да биде многу штетно
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.