Случувања

ВИДЕО: Свештеник рекол дека дебелите жени не одат во рајот, па една жена го турнала од сцената

На социјалните мрежи се појави видео од Бразил, Сао Паоло, на кое се гледа како пред бројната публика една жена се качува на сцената и го турка свештеникот, по неговата изјава дека „дебелите жени не одат во рајот“, пренесуваат тамошните медиуми.

svestenik

Инцидентот се случил за време на обраќањето на свештеникот на затворањето на еден религиозен камп во Сао Паоло.

На видеото се гледа како околу 50 илјади верници во шок го следат инцидентот, кога жената одеднаш се качува на сцената и го турка свештеникот, откако тој наводно ја испратил споменатата порака за дебелите жени, иако тоа не се слуша во видеото.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, за среќа, свештеникот не бил повреден.

Прочитајте и...  Скандалозно видео: „Гуштер“ од гардата на Кралицата, го натераа да влезе во буре со измет од коњ и мртви стаорци
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top