Кујна

ВИДЕО: Украсете ги велигденските јајца со свилена марама

Се ближи Велигден и традицијата за фарбање јајца. Сепак иако е најлесно само да се купи боја и да се исфарбаат, постојат и покреативни техники, а една од нив е оваа со свила.

Свилена марама е одлчен избор за вапцање јајца.

ПОСТАПКА:

Исечете парче свила со некои интересни дезени и исто толку парчиња бело платно, големина доволна да замотате јајце.

Замотајте ги јајцата во свила, па во белата ткаенина, и ставете ластиче да ги држи. Направете го тоа со сите јајца.

Ставете ги потоа во метален сад и наполнете го со вода.

Ставете три лажици алкохолен оцет во водата и оставете ги да се варат јајцата 15 минути.

Извадете ги, оладете и одвиткајте.

Истата свила може да се користи неколку пати!

Прочитајте и...  Домашен рецепт за крофни кои лесно се прават

Најпопуларно


To Top