Случувања

ВИДЕО: Во Токио заврна снег на 25 степени

Во Токио денеска беа измерени 25 степени , па сепак паѓаше снег во правилни навени за време на натпреварот на кануа.

Не станува збор за чудно време , туку за тестирање на последната иновација на организаторот на Олимписките игри што следната година ќе се одржат во Токио. Со оглед на фактот што органзиаторите очекуваат температурата за време на одржувањето на игрите да изнесува над 30 степени ,тие испробуваат секакви методи за разладување на публиката.

Околу 300 килограми вештачки снег беа расфрлани низ трибините на Sea Forest Waterway. Целта беше да се види дали тоа може да ја ублажи топлината и да ја намали влажноста на воздухот.

Во Токио во јули типично температурата изнесува 35 и 80 проценти влажност, што предизвика загриженост дека гледачите ќе настрадаат од топлотен удар. Sea Forest Waterway ќе биде место за натпревар на олимписките и параолимписките веслачи и кајакари. Половина од 2.000 места на трибините не се покриени затоа што плановите за целосно покривање беа намалени за да се намалат трошоците.

Прочитајте и...  Успех кој ќе се памети: SpaceX ја лансираше ракетата Falcon Heavy со 24 сателити

Вчера членовите на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио седеа на трибините за време на петминутниот тест на машината за снег додека траеше натпреварот во кану. Сепак, резултатите не беа охрабрувачки. Температурата пред снегот била 25,1 степени, исто како и после експериментот.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top