Македонија

ВИДЕО: Затворање на трговските центри, пекарите да организираат шалтерски систем, бара Филипче од Владата

Министерството за здравство и Комисијата за заштита од спречување на заразните болести ќе предложат до владата затворање на затворените трговски центри, односно моловите, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче упати порака и до пекарниците, доколку е изводливо да организираат шалтерски систем на работа, односно да се ограничи влезот на потрошувачи внатре во просториите. Воедно кажа дека во текот на вчерашниот ден било забележано дека пекарите ги тргнале масите за да не може да се јаде внатре.

Прочитајте и...  Денес е Св. Јоаким и Ана, треба да направите една работа

Најпопуларно

To Top