ВИДЕО: Земјотрес на Филипините, снимките запрепастувачки

Филипините вчера беа погодени од силен земјотрес со магнитуда од 6,3 степени според Рихтерова скала поради кој се треселе многу згради, а жителите панично барале место каде би можеле да се засолнат, пишува Гизмодо. 

Покраината Пампанга е најтешко погодена од земјотресот. Осум лица загинаа, а околу 20 се повредени, потврди гувернерката Лилиа Пинеда.

Снимките од потресот се појавиле на интернет, а две од нив особено ги запрепастија луѓето. Имено станува збор за излевање на огромна количина вода од висококатница во Манила.

Според локалните известувачи водата паѓала од базен, кој бил на врвот на облакодерот. Оваа зграда е релативно нова, изградена неодамна и се смета за највисока градба надвор од Кина.

Прочитајте и...  Наточил гориво, па побегнал без плаќање – гадно зажалил една секунда подоцна
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.