Жена со прекрасен глас стана интернет хит откако отпеа дел од хитот „Shallow“ на Лејди Гага и Бредли Купер.

Во рамките на предизвикот „Finish The Lyrics“, шегаџијата Кевин Фрешвотер запираше случајни минувачи во Лондон и ги охрабруваше да ја довршат песната која тој ќе започнеше да ја пее.
Неговото внимание го зароби Шарлот Оубери. Подоцна се дозна дека таа е професионална пејачка.