Видео

Видете како метеор се судри со крвавата Месечина во ова видео од затемнувањето на Месечината

Изгледа дека овонеделното извонредно затемнување на Месечината ни дојде со дополнителен блесок благодарение на една неверојатна случајност, блесок на светлина при започнувањето на затемнувањето означувајќи го крајот на патувањето на еден метеорит кон Месечината.

Ударот на метеорот се случува во регионот затемнет од Земјината сенка, како што може да се види во видеа од затемнувањето.

Нема причина за загриженост. Месечината редовно доживува вакви удари. На овој начин таа се здобива со просечно 140 нови кратери секоја година, не вклучувајќи ги оние со пречник помал од 10 метри.

Слика 1: Блесокот на метеорскиот судар е видлив во долниот лев агол на оваа прекрасна фотографија од „Супер крвавата волчја Месечина,“ целосното месечево затемнување на 20-21 јануари 2019. Заслуги: Брет Ештон

Слика 2: Доближен приказ на ударот на Месечината за време на целосното месечево затемнување на 20-21 јануари 2019. Заслуги: Брет Ештон

Понекогаш научниците ја имаат таа среќа и инструментите им се поставени на вистинското место во вистинското време за да можат да го уловат блесокот кој му следува на високобрзинскиот удар. (еден шпански телескоп улови два вакви удари еден по друг во јули 2018.) Но овој удар се случи додека луѓе ширум светот гледаа нагоре и пренесуваа снимки во живо од телескопите за да го видат целосното месечево затемнување, последното се до 2021.

Прочитајте и...  ФОТО+ВИДЕО: Најживописните гробишта во светот

Метеорските удари не се само блескави, од нив можат да се извлечат вистински научни податоци. НАСА има тим посветен да ги надгледува ваквите удари кои можат да не научат многу за вселенскиот отпад кој се натрупува во нашиот Сончев систем.

Исто така, вреди и да се погледне наназад. Површината на Месечината нуди детален историски запис на удари, бидејќи таму нема многу од силите кои бришат кратери на Земјата – нема дожд, нема тектоника. И за разлика од Земјата, Месечината нема дебела заштитна атмосфера која гори помали парчиња отпад. Тоа значи дека површината на Месечината е добра втора опција за научници кои сакаат да разберат колку судари искусила Земјата низ еоните.

Ударот при затемнувањето ќе биде уште еден кратер за интересите на научниците.

Најпопуларно


To Top