Велат – во виното е вистината, па и во животот е бидејќи е еден и единствен, нема репризи и повторувања, денес што помине денот – утре не се враќа, затоа што утре е нов ден.                                              

woman holding glass of red wine

И така, додека чашата полна со вино ја пиеме полека, голтка по голтка, ни поминуваат денови и години за час, додека се завртиш минала една година – почнува друга, за една година ќе бидеме постари, сè така се врти животот во некоја замислена точка со невидена силна брзина од која не можеме никако да излеземе или да сопреме.                                                                                              

Барем нашиот живот да не лета толку брзо, малку да застане за нас, да почне пополека да тече.

Затоа многупати денот ни е малку, не можеме сите обврски да ги завршиме, ни недостига уште време од денот за да можеме сè што сакаме да постигнеме и направиме.                                                      

Ама таков е денот, како и нашиот живот, трчаница до бескрај, сите трчаме натаму-наваму, во вечна трка сме со времето, никако да го стасаме, сè некако ни недостасува и малку ни е за да може тој ден да ги завршиме сите обврски.                                                                                               

Прочитајте и...  Денот во кој сте родени открива каков ќе ви биде животот

Понекогаш знаеме да сопреме за момент, да прекинеме со пиење на нашето вино, коe има боја како крвта што тече низ нашите вени, таа препознатлива, моќна црвена боја која тече секој ден со полна пареа за нас, понекогаш ја чувствуваме или не, зависи кога- – како.

И кога пиеме од нашето омилено црвено вино, ни струи некое чувство на сила, таа жичка што за момент нè демне додека го пиеме, но само во позитивна смисла!

Kако и да е, по некои поминати кризи кои животот ни ги нанесува, сепак, застануваме на нозе и продолжиме со пиење на нашето омилено вино, да го живееме животот таму каде што сме застанале.

Како сè што има крај – така дојде крај и на нашите животи, тогаш за момент се скрши чашата со вино,дали ја испивме или не до крај не знаеме, прашање на време е, но кога еднаш засекогаш ќе заминеме од овој свет, не е важно дали чашата ќе остане до половина полна или празна.

Прочитајте и...  Судбината ги споила: Жена посвоила момче, но и неговата сестричка го нашла патот до нив

Во тој момент засекогаш ќе се крши како стакло на милион парченца, кои ќе останат такви бидејќи нема кој да ги состави, едноставно сме заминале.

Виното како и животот не е вечно бидејќи тоа со тек на времето остарува, ако нема кој да го испие, може засекогаш да се расипе и да се фрли во канта за отпадоци. Впрочем како ние, луѓето, растеме, созреваме и доаѓа периодот на стареење, ако го дочекаме и бидеме живи, т.е. доколку не нè претече предвреме смртта.

Извадок од збирка кратки раскази – „Трепетот на душата“

Малечка е нашиот најнов дописник и објавуван автор и таа за себе вели дека е таа што е. Вечен борец за правда. А, нејзиното мото гласи – „Секогаш да и погледнеме на вистината во очи.“

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

1
Leave a Reply

avatar
1 Коментари
0 Одговоро
0 Следачи
 
Most reacted comment
Hottest comment thread
1 Автори на коментари
Vesna Recent comment authors
  Претплати се  
најново најстаро најмногу гласови
Известувај за
Vesna
Guest
Vesna

Prekrasno!