Високите температури ги принудија граѓаните да ги активираат клима-уредите – лекарите со предупредување

Погодностите од користењето на клима-уреди во летните денови на сите им се добро познати. Клима-уредите се единствениот начин брзо и лесно да се разладите од пеколните горештини и да го направите домот или канцеларијата попријатно катче за спас од високите температури.

Split AC system e1434395083635

Сепак, кога зборуваме за здрави навики, не може, а да не посветиме внимание на штетата од користењето на клима-уредите.

Колку и да се чувствувате пријатно кога сте во климатизирана просторија, секој момент поминат во неа сериозно му штети на вашето здравје. Иако во моментот не чувствувате последици, тие доаѓаат подоцна и сериозно се одразуваат на здравјето.

Високите температури ги принудија граѓаните да ги активираат клима-уредите. Речиси и да нема дом, институција, болница, продавница што не се климатизирани. Такси-компаниите за да им понудат на граѓаните пријатно возење до саканата дестинација, исто така се климатизирани, голем дел од автобусите исто така. Меѓутоа, драстичната разлика во температурите на организмот му прави температурен шок.

Разладувањето убаво доаѓа во првиот момент, меѓутоа штетата што му се нанесува на организмот може да биде непоправлива.

Разликата во температурата никако не смее да надминува десет степени. Ако е надвор 40 степени, внатре не смее да е под 30 степени. Граѓаните, особено оние што се со хронични болести, со мали деца, треба да знаат како да го наместат клима-уредот. Бидејќи клима-уредите работат на посебни сензори и не секогаш кога ќе ги наместиме на одредена температура ја даваат таа температура, најдобро е на пример да се намести на 25 степени, со помалку вентилација, свртена нагоре или во ѕид, за да нема директно дување на ладниот воздух. На тој начин и помалку ќе троши, нема да дува постојано ладно, а сепак просторијата ќе е посвежа

При температурна разлика, од врело на ладно, механички се собираат крвните садови и организмот доживува скок на крвниот притисок и обратно. Кај младите толеранцијата е поголема, меѓутоа кај повозрасните, хронично болните, срцево болните и кај постарите, толеранцијата не е толку голема.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.