Занимливости

Вистинска приказна: 5 работи на кои ме научи мојата ќерка за љубовта, животот и храброста

Мојата сопруга и јас се запознавме во средно училиште. Кога разговаравме да се венчаме и да имаме деца, решивме најпрво да имаме едно биолошко дете, а потоа да посвоиме уште едно. Ние двајцата бевме социјално свесни млади луѓе и сакавме да имаме сопствено, биолошко дете. Но, со оглед на тоа колку луѓе денес има на Земјата, сметавме дека треба да посвоиме дете на кое му треба семејство, а не да додадеме  уште една личност во веќе пренаселен свет.

Откако се роди нашиот син, го започнавме процесот на посвојување. На овластените во агенцијата им кажавме дека сакаме ќерка која ќе биде помала од нашиот син. Сакавме да биде здрава, но покрај тоа не ни беше важна ни расата ни религијата.

Кога добивме повик од Агенцијата тие не известија дека имаат девојче и дека сакаат да се најдеме во Лос Анџелес, па возевме до таму од нашиот град Стоктон. Сѐ уште се сеќавам на првиот ден кога ја чував во моите раце. Имаше само 2 месеци. Изгледаше како нејзините предци да се од Африка. На почетокот таа плачеше, но кога и се насмеав и и прозборев таа веднаш запре. Уште тогаш многу ја засакав.

Таа беше повеќе и од она што посакавме. Но тоа “повеќе” покажа дека таа има повеќе здравствени проблеми отколку што ни беше кажано. Знаевме дека нејзините родители биле млади, тинејџери кои ја дале на посвојување бидејќи сакале таа да има убава иднина која тие не можеле да и ја пружат. Но, не знаевме за сериозноста на нејзиното пресечено непце.

Прочитајте и...  7 работи кои бојата на менструацијата ви ги кажува за вашето здравје и кога е вистинско време да посетите доктор

Не помина долго откако ја запознавме да знаеме дека таа е ќерката која сакаме да ја посвоиме и да ја однесеме дома. Ја крстивме Анџела. Таа ме научи на многу работи во текот на овие години. Еве 5 од најважните работи на кои ме научи.

#1 Како да се справам со неволјите

Анџела беше родена со пресечено непце, така што секој пат кога пиеше млеко тоа од нејзината уста ќе влезеше во носот низ дупката во покривот на устата, ќе ја задушеше и почнуваше да кашла. Исхраната и болката одеа заедно. Но, таа беше борец и научи да се справи со болката додека да наполни една година за да може да се направи операција.

Кога се чувствувам совладан од неволјите во животот и сум подготвен да се откажам, помислувам на Анџела и сеќавањето на тоа колкав борец е таа ме полни со енергија да продолжам и јас да се борам.

#2 Како да најдам креативен начин за справување со некој проблем

Прочитајте и...  Претставени првите родово неутрални кукли

Дури и по операцијата, Анџела имаше проблеми со говорот. Редовно одеше на терапија. И беше многу тешко во градинка бидејќи другите деца не разбираа што кажува. Но, сепак наоѓаше начин како да комуницира. Таа сакаше да плива, но добиваше инфекци на ушите кои на крајот и го отежнаа слухот. Научи да чита од усни за да разбере што зборуваат другите.

Кога се чувствувам заглавен во некој проблем , се прашувам “какво креативно решение смислила Анџела?”. Се водам според тоа што прво ќе ми падне на памет.

#3 Простување и заздравување

Многу луѓе како Анџела изгубиле родител кога биле мали или пак имале родител кој бил физички или емоционално отсутен. Многумина од нив стануваат лути или депресивни. Сум ја видел Анџела со двете емоции. Но, во нејзиниот гнев таа никогаш не била злобна. Ме тестираше и мене и мојата сопруга, Карлин. Тоа беше како да се плаши дека ќе ја оставиме исто како нејзините родители, па сакаше таа да се оттргне од нас пред ние да го направиме тоа.

Нејзиното израснување не беше лесно. Имаше моменти кога бев толку нервозен што сакав да ја удрам. Јас се воздржував од физичко насилство, но понекогаш ја повредував со моите емоции. Таа со текот на годините ми прости и нејзината љубов ме направи подобар татко и подобра личност.

Прочитајте и...  Париз- градот на тајните љубови

Јас и Карлин добивме долго писмо од Анџела кога излегуваше од тинејџерските години, онакво писмо какво што секој родител сака да добие. Анџела се извини за сите проблеми што ги предизвикала и ни се заблагодари што секогаш бевме тука за неа.

#4 Да бидам тука за другите

Како возрасна, Анџела секогаш им помага на другите луѓе. Пријателите секогаш и ги оставаат нивните деца да им ги чува и таа секогаш им излегува во пресрет, дури и од кога има нејзини деца. Таа им дозволува на луѓето да престојуваат во нејзиниот мал стан додека да најдат сместување, па дури и да треба таа да спие во еден кревет со нејзините деца.

Секогаш кога се чувствувам зафатен за другите, помислувам на неа и се трудам и јас да им помагам на другите.

#5 Храброста да се биде родител

Анџела има 4 деца и не и е лесно да ги израсне. Секое од нив претставува предизвик. Анџела успева во таа работа секој ден, секој месец, секоја година. За неа, семејството е од витално значење. Таа го држи семејството заедно дури и кога животот станува тежок и секогаш се прашува дали ќе има храброст да се справи уште со еден ден.

Анџела сега е баба. Тоа мене ме прави прадедо. Тешко е да се поверува, јас сум толку стар, таа е стара, годините многу брзо поминуваат. Еден ден, мене ќе ме нема, а идните генерации ќе продолжат да се создаваат. Се надевам дека и тие ги учат нивните лекции за љубовта, животот и храброста.

Ти благодарам девојче!

Автор: Д. Џед

Најпопуларно


To Top