in

Вистинската приказна зад дизниевата бајка „Снежана и седумте џуџиња“

Бајките се воодушевувачки, волшебни, инспиративни…

Некои приказни се базирани на легенди, рефлексивна културна реалност на земјата во која што се појавиле. Вистинските приказни зад другите сепак се сурови, исполнети со насилство, крвопролевање и тортура. Погледнете што се крие зад вашата омилена приказна од детството.

Сказната „Снежана и седумте џуџиња“ е базирана на трагичниот живот на Маргарет фон Валдек, баварска благородничка која живеела во XVI век во Бад Вајлдунген.

Le Prince Lointain: Roland Risse (1835-1887), Blanche-Neige.

Нејзиниот брат користел мали деца како работници во рудникот. Поради тешката работа некои од нив стекнале посебни потреби и не се развиле физички добро, па поради тоа ги нарекувале „џуџиња“. 

За да ја задоволат гладта, децата краделе јаболка од дрвјата на еден земјоделец кој пак како одмазда некогаш го полевал овошјето со отров – оттука настана и ситуацијата со отровното јаболко.

Snow White’s evil step-mother talking to her magic mirror

Маќеата на Маргарет ја мразела и ја испратила во кралскиот двор во Брисел, за да се ослободи од неа. Таму младата жена станала љубовница на шпанскиот принц Филип II. Татко му, кралот на Шпанија, сепак не ја одобрувал врската и заповедал Маргарет да биде отруена. Така и се случило.

Прочитајте и...  Солзите сами ќе ви надојдат: Храбро куче спаси дете од змија отровница, а за фотографијата која следи не се потребни зборови (ФОТО)

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote